Glossary Terms

Регулативата за имплементација на ИПА

Ова име се користи најчесто за Регулативата на Комисијата за имплементација на Регулативата (ЕЗ) бр 718/2007 од 12 јуни 2007 година за спроведување Регулативата на Советот (ЕЗ) бр 1085/2006 за воспоставување на инструмент за претпристапна помош (ИПА).

Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД)

ЦФЦД е сектор во состав на Министерството за финансии единствено одговорни за спроведување тендерски постапки, склучување договори, евидентирање на сметководствените трансакции во системот и извршување на плаќања по склучени договори за проекти финансирани во рамките на првите четири ИПА компоненти, [… Поопширно]

Секторски комитет за следење

Секторски комитет за следење е тело што е одговорно за следење на спроведувањето на одредени ИПА компонента или програма и обезбедување на ефикасноста и квалитетот при спроведувањето. Секторскиот комитет за следење се состои од претставници на ЕК, НАО, НИПАК, Стратешкиот [… Поопширно]

Следење (Мониторинг)

Целосна и редовна проверка на спроведувањето на проектите и програмите. Следењето се базира на кохерентен систем на информации, вклучувајќи извештаи, прегледи, биланси на состојба, индикатори и слично. Кога следењето вклучува оценување, оценувањето се однесува на остварување на работните цели.

Службеник за авторизација на програми

Службеник за авторизација на програми е висок владин службеник, кој управува со Оперативните структури за имплементација на ИПА Компонента I и ИПА Компонента II и е одговорен за навремено и ефикасно исполнување на обврските наведени во точка 8, Анекс А [… Поопширно]

Службеник за неправилности

Во секоја институција која е дел од системот за децентрализирано управување со ИПА назначен е службеник за неправилности одговорен за поднесување извештаи на квартална основа за тоа дали се пронајдени неправилности во работата на институцијата. При откриени или при сомневање [… Поопширно]

Стратешки координатор (за ИПА Компонентите за регионален развој и развој на човечки ресурси)

Стратешки координатор за ИПА Компонентите за регионален развој и развој на човечки ресурси е висок владин функционер, кој обезбедува координација на финансиската помош која се доделува во рамките на ИПА Компонентите за регионален развој и развој на човековите ресурси. Во [… Поопширно]

Структурните фондови на ЕУ – Цели

Цел 1 промовира развој на економиите од региони чиј развој заостанува. Тоа е регионализирана политика која се однесува на статистички региони. Само оние региони каде БДП по глава на жител е помал од 75% од просекот на Заедницата ги исполнуваат [… Поопширно]

Студија за оценка на влијанието врз животната средина (ЕИА)

Оваа студија ги опфаќа сите последици врз животната средина кои може да ги предизвика индивидуален проект. ЕИА е задолжителен чекор во процесите за избор на големите инфраструктурни проекти. Спротивно на тоа, стратешко оценување на животната средина (СЕА) се однесува на [… Поопширно]

Функција на контрола на квалитетот

Целта на оваа функција во ЦФЦД е да се подобри ефикасноста и квалитетот на спроведувањето на проекти финансирани од ИПА. Функцијата е посебна од другите функции во ЦФЦД иако е сместена во Одделението за контрола и општи работи и се [… Поопширно]