Заштита на културното наследство – конзервација и ревитализација на културно-туристичкиот комплекс „Св. Ѓорѓи“, Старо Нагоричане

Staro Nagoricane

Проектот „Конзервација и ревитализација на културно-туристичкиот комплекс „Св. Ѓорѓи“, Старо Нагоричане е финансиран во рамките на ИПА Компонента 1 – ТАИБ 2009.

Целта на проектот е зачувување и ревитализација на манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане преку: поттикнување на  економската обнова во општината во корист како на  локалното население така и  посетителите; придонесување кон зајакнување на прекуграничната соработка со Република Србија и преку промовирање на заедничко културно наследство.

Вкупниот износ на проектот (Директен грант, Договор за градежни работи, 2 Рамковни договори) е 1,123,430,00 ЕУР.

Имплементатори на проектот се: “ВИА” ДОО ВЕВЧАНИ (Договор за градежни работи);  ПЛАНЕТ АЕ, Грција и AGRICONSULTING EUROPE SA, Белгија (Рамковни договори) и Националниот Конзерватоски Центар Скопје (Директен Грант).

Корисници на проектот се Министерството за култура, Националниот Конзерваторски Центар и Управата за заштита на културно наследство.