ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ПРОЕКТНА ЕДИНИЦА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОПЕРАТИВНАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

Воспоставената „Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – ОПРЧР“ во Министерството за финансии е одговорна за децентрализирано управување со средствата од ИПА во рамки на секторот развој на човечки ресурси, согласно легислативата на Инструментот за претпристапна помош. Проектната единица ги врши работите кои се однесуваат на спроведување на регулативата и процедурите на Европската комисија за реализација на проектите што ги финансира Европската унија, меѓу другото планирање и распишување тендери; подготовки за склучување договори; следење на напредокот на секој проект со цел да обезбеди спроведување на сите договори согласно со правилата на ЕУ; плаќања; подготовка на извештаи за Европската комисија за реализацијата на програмите финансирани од претпристапните фондови на Унијата; проверка на договорите на лице место; и други работи.

За таа цел, Министерството за финансии го објавува следниот оглас за ангажирање 4 (четири) лица на определено време:

Министерството за финансии врз основа на член 22 став 1 алинеја 5, став 4 и став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“, бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143/19), член 22 став 1 точка 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија број 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии, објавува

 ОГЛАС БРОЈ 4/2019 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

Министерството за финансии објавува оглас за вработување на 4 (четири) лица определено време, за работа на проект, за период од пет години, на следните работни места и тоа:

1.Раководител на проектна единица зa имплементација на ОПРЧР – (1 извршител)

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
  • најмалку 3 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 4 години работно искуство во струката;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • добри комуникациски и лидерски вештини;
  • да е државјанин на Република Македонија;
  • дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок;
  • основна нето плата 29.693,00 денари.

2. Советник за следење на договорите во рамки на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – ОПРЧР – (1 извршител)

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
  • најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • поседување на возачка дозвола;
  • да е државјанин на Република Македонија;
  • дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок;
  • основна нето плата 26.254,00 денари

3. Советник за финансиска имплементација на ОПРЧР, Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – ОПРЧР – (1 извршител)

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
  • најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • да е државјанин на Република Македонија;
  • дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок;
  • основна нето плата 26.254,00 денари.

4. Виш соработник за следење на договорите во рамки на ОПРЧР, Оперативна програма за развој на човечки ресурси – ОПРЧР – (1 извршител)

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен Општествени науки, бизнис или право;
  • најмалку 1 година практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 2 години работно искуство во струката;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • поседување на возачка дозвола;
  • да е државјанин на Република Македонија;
  • дневно работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок;
  • основна нето плата 24.402,00 денари.

Заинтересираните кандидати треба да достават докази за исполнување на условите што се бараат за работното место на кое аплицираат, односно:

  • кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • фотокопија од доказ за завршено образование кое се бара за работното место;
  • извод од ПИОМ за доказ на бараното работно искуство (период евидентиран во агенција за вработување како работен стаж);
  • фотокопија од уверение за државјанство;
  • фотокопија од доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • фотокопија од доказ за познавање на работа со компјутери и фотокопија од возачка дозвола.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:

Министерство за финансии
ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување“)

На ковертот да се наведе бројот на огласот, со напомена: „Не отворај“.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат. Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледана. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерството за финансии. Министерството за финансии ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Лица за контакт:
Верица Стоилова – тел. 02/ 3255 619; verica.stoilova@finance.gov.mk
Александра Лулкоска – тел. 02/ 3255 760; aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk