ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ПРОЕКТНА ЕДИНИЦА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОПЕРАТИВНАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – ИПА КОМПОНЕНТА 4 ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

Министерството за финансии, врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии, објавува

ОГЛАС БРОЈ 3/2015 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ПРОЕКТНА ЕДИНИЦА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОПЕРАТИВНАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – ИПА КОМПОНЕНТА 4 ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

Министерството за финансии формираше „Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – ОПРЧР“, која ќе биде одговорна за децентрализирано управување со средствата од ИПА во рамки на ИПА Компонента 4, согласно со Регулативата на Инструментот за претпристапна помош 1085/2006, 718/2007, 80/2010 и 1292/2011. Проектната единица ќе ги врши работите кои се однесуваат на спроведување на регулативата и процедурите на Европската комисија за реализација на проектите што ги финансира Европската унија, меѓу другото планирање и распишување тендери; подготовки за склучување договори; следење на напредокот на секој проект со цел да обезбеди спроведување на сите договори согласно со правилата на ЕУ; плаќања; подготовка на извештаи за Европската комисија за реализацијата на програмите финансирани од претпристапните фондови на Унијата; проверка на договорите на лице место; и други работи.

За таа цел, Министерството за финансии објавува оглас за ангажирање 4 (четири) лица на определено време, односно до крајот на декември 2017 година, на следниве позиции:

1. Советник за следење на договорите во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – (1 извршител)

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • возачка дозвола;
  • најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката.

Дневно работно време од 8:30 часот до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа- од понеделник до петок; нето плата 25.002,00денари.

2. Советник за ЕУ јавни набавки и за склучување договори во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – (1 извршител)

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен Општествени науки, бизнис, економија или право;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • најмалку 2 години практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 3 години работно искуство во струката.

Дневно работно време од 8:30 часот до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок; нето плата 25.002,00 денари.

3. Виш соработник за следење на договорите во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – (1 извршител)

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен Општествени науки, бизнис или право;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • возачка дозвола;
  • најмалку 1 година практично искуство во имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации или најмалку 2 години работно искуство во струката.

Дневно работно време од 8:30 часот до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок; нето плата 23.236,00 денари.

4. Помлад соработник за контрола на квалитетот – (1 извршител)

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен Општествени науки, бизнис или право;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • без работно искуство во струката.

Дневно работно време од 8:30 часот до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок; нето плата 20.965,00 денари.

Повеќе податоци за работните должности на лицата кои ќе работат во Проектната единица може да се најдат во Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии, објавен на интернет страницата на Министерството во делот „Вработување“ или на следниот линк: http://www.finance.gov.mk/mk/node/13.

Заинтересираните кандидати треба да достават: писмо за изразување интерес, кратка биографија Europass CV (https://europass.cedefop.europa.eu/en/documents/curriculum-vitae), копија од диплома за завршен степен на образование кое се бара за соодветното работно место, потврда за работното искуство, копија од уверение за државјанство, уверенија за познавање англиски јазик и компјутерски вештини.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:

Министерство за финансии
Сектор за централно финансирање и склучување договори
ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување“)

на другата страна на ковертот да се наведе реден број на работното место за кое се аплицира, со напомена: „Не отворај“.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 01.10.2015 година до 16:00 часот.

Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледана.

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерството за финансии. Министерството за финансии ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

The Ministry of Finance has established a Project Implementation Unit for the Operational Programme for Human Resources Development – OPHRD (IPA Component IV), and for that purpose publishes a job announcement for the following four (4) working positions:

1 Advisor for contract monitoring within OPHRD;
1 Advisor for EU public procurement within OPHRD;
1 Senior Associate for contract monitoring within OPHRD;
1 Junior Assiociate for quality control within OPHRD.

The employments will be on temporary basis for the period until December 2017.

More information about the tasks of the persons to be engaged for the need of the Project Implementation Unit can be found in the Rulebook on systematization of the working posts, available on the website of the Ministry of Finance in the section “Employments” (http://www.finance.gov.mk/mk/node/13).

The deadline for submission of the required documentation is five (5) working days as of the date of publishing the announcement in the daily newspapers (not counting the day of publishing), i.e. at the latest by 01.10.2015 by 16 hrs, on the above specified address.