Административен асистент на постојаниот твининг советник (RTA Assistant)

Твининг проектот „Зајакнување на пенетенцијарниот систем и пробациската служба” е заеднички проект помеѓу земјата корисничка, Сојузна Република Германија и Холандија, застапувани од Управата за извршување на санкциите, Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).

Општата цел на проектот е унапредување на ефективноста и ефикасноста на казнено-поправниот систем и развој на ефективна и одржлива пробациска служба со почитување на човековите права и достоинството на лицата кои се лишени од слобода во казнено поправните установи и воспитно-поправните институции, како и на лицата кои издржуваат условна казна, што ќе придонесе до подобрување на целокупната безбедност во општеството.

Проектот бара административен асистент на постојаниот твининг советник (RTA Assistant) за следните 16 месеци, кој би започнал со работа што е можно поскоро, а по можност во февруари 2019 година. Асистентот на постојаниот твининг советник ќе биде вработен со полно работно време и ќе биде базиран во Скопје.

Асистентот на постојаниот твининг советник треба да биде лице кое воопшто или најмалку во изминатите 6 месеци немало каков било договорен однос со ниту еден орган на јавната администрација од земјата – корисник.

Очекуван почеток и времетраење на ангажманот: февруари 2019 година до 30 мај 2020 година.

Заинтересираните кандидати ги молиме да доставите мотивациско писмо и кратка биографија на англиски јазик во Europass формат на следните адреси за е-пошта tadic@irz.de и axel.briemle@t-online.de со назнака за работното место: Асистент на постојаниот твининг советник (RTA Assistant) најдоцна до 31.01.2019 година.

Го задржуваме правото да ги контактираме само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор. Се очекува интервјуата да се одржат на 01 февруари 2019 во Скопје.

Услови за работа – Асистент на постојаниот твининг советник