Дoизградба на Коридор 10 на ниво на автопатска делница Демир Капија – Смоквица

Идната автопатска делница Демир Капија – Смоквица е важна врска која недостига во Коридорот

10, најважниот меѓународен правец кој поминува север-југ низ Македонија и обезбедува врска со

меѓународната современа транспортна мрежа за регионот.

Делницата Демир Капија – Смоквица има вкупна должина од 28.18 километри почнувајќи од

постоечкиот автопат 1 км пред преминот на реката Вардар, потоа продолжува на влезот на

Тунел 1 со над 1.2 км должина од каде што се преминува реката со цел да се помине клисурата

и да се навлезе во планините од клисурата Кожув. Поради распоредот на теренот со стрмни

падини правецот помеѓу километар 3 и километар 14 вклучува надвозници, високи насипи како

и втор тунел со над 1.2 км должина пред да се дојде до рамен терен каде што се наидува на 2

клучки , првата кај областа Миравци на километар 27 и втората кај областа Смоквица. Трасата се

приклучува на постоечкиот автопат во јужниот крај на километар 28, а потоа се затвора врската

помеѓу Скопје и границата со Република Грција кај Гевгелија.

Најважните елементи во изградбата на оваа делница од автопатот се следните:

– Вкупна должина од 28.18 км

– 2 тунели

– 6 мостови и 100 пропусти

– 5 надвозници и 7 подвозници

– 2 клучки

– високи насипи и длабоки ископи (>20 m) со вкупна количина од 8.000.000 м3

земјен ископ

Договорот за градежни работи е започнат во Август 2012 во вредност од 210.148.177,33 евра и ќе

заврши во Август 2016. Времетраењето на градежниот Договор е 4 години не вклучувајќи 2 години

период за откривање на дефекти долж трасата.

Проектот е кофинансиран од средства на Европската унија преку ИПА помошта и национално

учество преку кредити од Европската Банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

Градежните работи ги изведува компанијата AKTOR S.A. од Грција.