Проектот е финансиран од Оперативната програма за развој на човечки ресурси, Компонента 4 од Инструментот ИПА на Европската унија. Проектот се спроведува од страна на конзорциум кој се состои од искусни проектни партнери кои работат со жени од различни малцински групи во Македонија.
Главна цел на проектот е подобрување на можностите за вработување на жените од етничките малцинства во Македонија (Турчинки, Ромки , Србинки, Бошњачки и Албанките, тргнувајќи од положбата на жената на пазарот на трудот на Македонија), нивно вклучување во пазарот на трудот и поддршка на женското претприемништво во Скопје, Радовиш (вклучувајќи ги и селата Аликоч и Конче) и Тетово (вклучувајќи ги селата Шипковица и Одри).
Главната активност на проектот се фокусира на обезбедување на профилирање и програма за оценување, за да се утврдат индивидуалните вештини и образовни нивоа на учество на жените, што ќе им даде можност да развијат лични планови според нивните индивидуални способности и интереси. Врз основа на овој план соодветна професионална ориентација и кариера може да се обезбеди за секоја жена. Курсеви за професионална обука за релевантните професии барани на пазарот на труд со образовна поддршка исто така ќе се реализираат во склоп на проектот, и ќе вклучуваат различни обуки на различни теми како што се странски јазици, компјутерски курсеви и претприемништво, шиење / кроење , везење, фризерки, бизнис и претприемништво. Овие курсеви ќе им обезбедат на жените да се стекнат со професионална експертиза во одредени области, што за возврат ќе им помогне да најдат работа, што од друга страна ќе се зголеми приходот на нивните семејства и ќе ја подобри нивната социјална состојба и нивното активно учество во македонското граѓанско општество.
Времетраењето на проектот е 15 месеци. Проектот ќе биде имплементиран од конзорциум предводен од “Internationaler Bund e. V.” од Германија и составен од искусни проектни партнери кои работат со жени од различни малцински групи во македонија: ДЕРЈА со Турчинки, Форум на жените со Албанки и ИПКОМ Топаана со Ромки.
Корисник на проектот е Министерството за труд и социјална политика.
Вредноста на проектот е 287.889,90 евра.