Glossary Terms

(English) IPA Bodies

Простете, овој запис е достапен само на English.

Систем за информациско управување (МИС)

Софтверска апликација за управување со договори финансирани од ИПА, кој ќе се овозможи навремено и непречено спроведување на Националните / Оперативните програми. МИС обезбедува собирање на информации до ниво на компонента / програма кои се потребни за Секторски комитети за [... Поопширно]

Национален координатор за авторизација – НАО

НАО е висок функционер во државната администрација на Република Македонија. НАО е назначен од страна на Владата на РМ. НАО ги исполнува следниве функции и ги носи следниве одговорности: Како раководител на Националниот фонд има севкупна одговорност за финансиски менаџмент [... Поопширно]

Оперативни структури

Оперативни структури се тела или збирови на тела во рамките на државната администрација на Република Македонија, кои се одговорни за управување и спроведување на ИПА програмите од првите четири ИПА компоненти, во согласност со принципот на солидно финансиско управување. Оперативните [... Поопширно]

Прирачник за склучување договори за активности надвор од ЕУ финансирани од општиот буџет на Европските заедници (PRAG)

PRAG е прирачник за работа во кој е објаснета постапката за склучување договори за активности надвор од ЕУ финансирани од општиот буџет на Европските заедници.

ИПА Компонента III – Регионален развој

Основната цел на ИПА Компонента III – Регионален развој е да се подготви Република Македонија за користење на структурните и фондовите за кохезија по пристапувањето на РМ во ЕУ, а притоа се става акцент на развојот на транспортниот сектор и [... Поопширно]

Принцип на стабилно финансиско управување

Принцип на стабилно финансиско управување е буџетски принцип според кој средствата во буџетот мора да се користат во согласност со економично, ефикасно и ефективно.

Структурни фондови

Структурните фондови се финансиски инструменти на Европската унија (ЕУ) за регионална политика, која е наменета за да ги намали развојните разлики меѓу регионите во земјите-членки на ЕУ и да промовира еднакви можности за сите. Фондовите се целосно наменети за спроведување [... Поопширно]

Виш програмски службеник (СПО)

СПО е службеник во државната администрација (ресорни министерства/институции кориснички на ИПА) задолжени за техничко спроведување на проектите финансирани од ИПА.

Грант

Според Прирачникот на склучување договори за активности со трети земји на Европската комисија, грант е директна финансиска поддршка по пат на донација, од буџетот на ЕУ или на ЕДФ, со цел да се финансираат: активности наменети да помогнат во остварување [... Поопширно]